Legal Aid NSW offices will be closed from Monday 23 December 2024 and will reopen on Monday 6 January 2025. During this time you can contact LawAccess NSW via web chat or by calling 1300 888 529. See Christmas closedown 2024–25 for more information.
Legal Advice - Macedonian (македонски)
Кога адвокат ќе ви пружи помош за вашиот конкретен правен проблем, ние тоа го нарекуваме правен совет. Правните совети се разликуваат од правните информации, кои може да бидат поопшти и обично ги дава лице кое го познава законот, но не е адвокат.
Legal Aid NSW (Служба за правна помош на Нов Јужен Велс) обезбедува правни информации за секој со правен проблем во Нов Јужен Велс преку нашата служба за правни информации и упатување, LawAccess NSW (Служба на Нов Јужен Велс за прравни совети и упатување).
Ние нудиме бесплатни правни совети за лицата што ги исполнуваат условите преку телефон и на многу локации низ Нов Јужен Велс.
Нашите средби за правни совети се бесплатни и обично траат околу 20 минути. Адвокатот ќе ве сослуша како зборувате за вашиот проблем, ќе постави неколку дополнителни прашања и ќе ви помогне да одлучите што да правите следно.
Можеби ќе може да ви помогне со кратки документи ако немате адвокат. Тој/таа нема да може да ви помогне со подолги комплексни правни документи.
Вашиот адвокат, исто така, ќе ви каже дали може да продолжи да ви помага во вашиот случај. Доколку може, персоналот ќе ви помогне да пополните барање за правна помош.
Ако не можеме да ви помогнеме понатаму по средбата за советување, можеби ќе можеме да ви дадеме информации за тоа каде можете да одите за повеќе помош.
Нашите адвокати можат да ве поддржат во кривичните постапки во кои е вклучена полицијата, семејни случаи кои вклучуваат деца или прекин на врската или граѓански случаи каде што имате проблеми со основна потреба како домување, поддршка за приход или пристап до поддршка во врска со здравје и попреченост.
Ние не обезбедуваме правни совети за секого. Нашата цел е да обезбедиме правни услуги на луѓето во Нов Јужен Велс кои се соочуваат со неповолни околности и имаме ограничени ресурси за да го постигнеме тоа.
Најдобриот начин да дознаете дали можеме да ви дадеме бесплатни правни совети или да закажете состанок е да разговарате со нашиот тим во LawAccess NSW.
Можете да ги контактирате со повик на 1300 888 529 или со користење на нивната онлајн услуга за веб-разговор. Тие се отворени од 9 до 17 часот, од понеделник до петок (со исклучок на државните празници).
We use cookies to give you the best possible experience on our website. By clicking OK, you agree to our cookie policy.
Share with
Facebook
Twitter
LinkedIn